Подновено најголемото
основно училиште во Кичево
Учениците од најголемото основно училиште во Кичево „Санде Штерјоски“, со повеќе нови погодности ќе ја дочекаат новата учебна година. Така, во летната пауза раководството на училиштето максимално се заложи да ги подигне стандардите за настава во новата учебна година, и за оваа потреба во сите училници се поставени нови лед-светилки, што ќе овозможи и во вечерните часови светлината во училниците да биде како и во текот на денот. Целосно се реконструирани санитарните јазли, а во кругот на училиштето изградени се нов паркинг-простор и летниковец, а училишниот двор е разубавен и со нова фонтана.
- За да ги подобриме стандардите за настава во нашето училиште, презедовме повеќе чекори со кои ги отстранивме постојните недостатоци. Во сите училници поставено е ново најсовремено осветлување (лед-светилки), што ќе овозможи и во втората смена училниците да бидат осветлени како и при дневна светлина. Исто така новите светилки се многу поекономични, што ќе придонесе да имаме намалена потрошувачка на струја, а овие светилки имаат и неспоредливо подолг век на траење од 8 до 10 години.
Целосно ги реновиравме санитарните јазли, поставени се и нови плочки, а извршена е промена и на фекалната канализација во училиштето. Во кругот на училиштето изграден е нов летниковец за одржување настава во природа, а досегашниот проблем со паркирање на возилата на вработените е решен со изградбата на нов паркинг-простор каде што ќе можат да се паркираат најмалку 35 автомобили, а училишниот двор го разубавивме со новоизградената фонтана - посочи Раим Пињоли, директор на ова училиште, во кое наставата се одвива на македонски, албански и на турски јазик.Директорот Пињоли додаде дека средствата за овие зафати во училиштето се обезбедени од локалните стопанственици и помал дел од општината.
- Карактеристично е што безмалку сите зафати во училиштето ги изведовме со средства обезбедени од локални извори, пред сѐ од кичевските малостопанственици, кои се погрижија да помогнат условите во училиштето значително да се подобрат.
Општината Кичево финансиски ја помогна единствено изградбата на паркинг-просторот - додаде директорот Пињоли. Инаку во ова училиште во кое наставата ја следат над 1.400 ученици, во новата учебна година запишани се вкупно 170 првачиња од кои 72 на македонски јазик,70 на албански и 28 на турски наставен јазик. Претходните години со донации е зголемена енергетската ефикасност на училишната зграда, а поставени се и нови прозорци
Среќен почеток на сите ученици и вработени на новата
учебна година!

Нема коментара:
Постави коментар