ПОДАРИ КНИГА !
Им се соопштува на сите ученици и вработени од ОУ
“Санде Штерјоски“-Кичево дека од ден 29.09.2014 год. (понеделник) до 03.10.2014
год.(петок),нашето училиште ќе се вклучи во акцијата “ПОДАРИ КНИГА“, организирана од страна на Министерството за образование
и наука и Министерството за труд и социјална политика .
Од тие причини,вработените во училиштето,учениците и
нивните родители пожелно е активно да се вклучат во акцијата и да донираат што
поголем број на книги.
Собраните книги да се достават во Училишната библиотека
од каде ќе бидат дистрибуирани во
филијалите на Македонски пошти.
Македонски пошти бесплатно ќе вршат достава до лицата кои
се под социјална заштита.